Почна пријавувањето за субвенции. Земјоделците кои го регистрирале своето производство и немаат давачки кон државата можат да ги поднесуваат барањата до подрачните единици на министерството. Рокот за поднесување на апликациите тече од 17 март, а завршува на 31 мај годинава. Барањата се поднесуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство. Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка на која се запишува барањето. До 15 март се пријавуваа промените во производството и бројноста на добитокот што е еден од условите за добивање на субвенции.
Почна пријавувањето за субвенции. Земјоделците кои го регистрирале своето производство и немаат давачки кон државата можат да ги поднесуваат барањата до подрачните единици на министерството.
Рокот за поднесување на апликациите тече од 17 март, а завршува на 31 мај годинава.
Барањата се поднесуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка на која се запишува барањето.
До 15 март се пријавуваа промените во производството и бројноста на добитокот што е еден од условите за добивање на субвенции.
За да користи субвенции, земјоделецот мора да ги има платено сите долгови кон државата заклучно со 2013-та година. Годинава за земјоделството се предвидени 140 милиони евра од кои за директната финансиска поддршка се 115 милиони.